-

Итна медицинска помош

Медицина на труд

Спортска
медицина

Детски диспанзер

Стоматологија

Патронажа

Службата за Медицина на труд (Професионална медицина) при ЈЗУ Дом на здравје Струга, под раководство на специјалистот д-р М. Ризвани, ги известува сите граѓани, фирми и јавни и приватни претпријатија дека продолжува со обезбедување професионални услуги во областа на медицината на труд.
Граѓаните и вработените можат да обезбедат различни лекарски уверенија, а компаниите имаат можност да ги извршат редовните систематски и периодични прегледи, согласно законските обврски за заштита на здравјето на работниците.
За претпријатија со над 20 вработени, тимот на Медицина на труд нуди и услуга на теренски прегледи, директно во просториите на самата компанија, со што се олеснува целиот процес и се обезбедува навремена здравствена процена на работниот кадар.
Термини и дополнителни информации може да се закажат на телефонскиот број: 070/362-486. Службата останува отворена за сите заинтересирани субјекти, со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа


